Ози Озборн се враќа на сцената

ozi-ozborn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предводникот на групата „Блек Сабат“ – 74-годишниот Ози Озборн најави дека се враќа на сцената откако во февруари објави дека се повлекува, објави „Метал хемер“ (Metal Hammer).







– Не можеш да ја напуштиш оваа игра. Тоа не е работа – тоа е страст. Не можам да правам ништо друго. Јас сум „улично куче“, знаеш? Го правам ова 55 години. Тоа е најдоброто нешто што некогаш ми се случило, изјави музичарот.

На почетокот на оваа година, рокерот објави крај на музичката кариера. Наведената причина беа проблеми со ‘рбетот. Ги откажа сите свои концерти и им се заблагодари на обожавателите за разбирањето. Но, сега Озборн тие концерти ги нарече „смислата на својот живот“ и вели дека има намера поовторно да излезе на сцената, и покрај нарушеното здравје.

Џон Мајкл – „Ози“ Озборн ја почна својата музичка кариера 1968 година, во хеви-метал составот „Блек Сабат“. Раните 80-ти, тој ја почна и својата соло-кариера, со албумот „Blizzard of Ozz“. За нешто повеќе од четириесет години, уметникот објави 13 албуми, од коишто последниот – „Patient Number 9“ е објавен минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK