Најдобриот „Д Фестивал“ досега со спектакуларни концерти и атрактивна придружна програма

d-fest3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 50 светски, регионални и домашни изведувачи настапија на пет фестивалски бини во рамките на 13. издание на „Д Фестивал“, што се одржа од 30 јуни до 2 јули во Дојран. Најпопуларниот фестивал на нашите простори во организација на „Пасворд продукција“, годинава го имаше своето најдобро издание досега, кое беше збогатено со голем број различни зони за посетителите, како и со бројни изложби, перформанси, кино, театар, дебати, работилници, арт-бутик, спорт, игри, натпревари, и уште многу други активности распространети низ повеќе од 20 различни катчиња во ПЛОШТАРТ зоната – креативното јадро на „Д Фестивал“!







Фестивалот во петокот го отворија светските легенди на треш-метал музиката „Креатор“ од Германија, шпанската псај-техно хероина Индира Паганото, британскиот драм енд бејс гигант Рони Сајз, како и домашните „Фолтин“, Галоски, Страјк, ЛД Пистолеро, диџеј Гоце и Ронин. Првиот ден ги донесе и концертите на „Фулу Мизики“, „Даикаиџу“, „КОИКОИ“, Ива Лоренс, Беседа, „Максимус Вандал“, „Алис ин Вондербенд“, „Ленхарт Тејпс“, „Хајпертек“, Дарко Степиќ, Ермилова и Настасја Киш.

Вториот ден на „Д Фестивал“ помина во знакот на концертите на планетарниот хит-мејкер „Сигала“, домашниот електронски артист Кирил Џајковски, алтернативните „С.А.Р.С.“, фантастичниот стонер рок бенд „1000модс“ и техно принцезата „Ксениа“. Саботната вечер ја заокружија настапите на „Доуп Куќата“, Смоке Мардељано, Зарина Првасевда, „REYKO“, „Xarakiri“, Мартина Пенева, Coeus, Flooder, Visionary, Charley, E.U.E.R.P.I. и „АудиоЦигла“ во придружба на бенд. Во саботата се одржа и специјалниот концерт на светски признатиот македонски пијанист Симон Трпчески и неговиот музички проект „Македонисимо“. Квинтетот се претстави на Главната бина, а концертот беше бесплатен за сите посетители.

Синоќа, во рамките на последната вечер, фестивалската еуфорија кулминираше со забава до утринските часови со Греми номинираното италијанско трио „МEDUZA“, њујоршкото хип-хоп дуо „ONYX“, српската раперка Мими Мерцедез и домашните хардкор легенди „SMUT“, а покрај нив, настапија и „FUNK SHUI“, „Паркети“, Алина Паш, „Баклава“, „Peach Vice“, „С.А.М.“ „Димиш“, „Basement Cult“, „Red18“, Миа Перевска, „АудиоЦигла“, „Bon Praskiza“, „Matej Foltz“, „Princess Donatsu“,„Flexify“, „Bullz“, „Ogipsilon“, „Shorty P“ и „Irie Scratch“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK