Рецепт со кој „принцес-крофните“ речиси секогаш успеваат

princes-krofni-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 „Принцес-крофните“ се обожавани од многумина, но при подготовката, тие не секогаш успеваат… Следува рецепт – малку поинаков од класичниот, но подеднакво вкусен, со кој што „принцес-крофните“ речиси секогаш успеваат.

Потребни состојки: 200 мл вода, пет лажици брашно, две лажици масло, три јајца, шеќер во прав за посипување и за полнење – една кесичка шлаг-крем.


Начин на подготовка: Се истура вода во подлабок сад на оган, па се додава масло и се остава да зоврие. Потоа се додава брашното и се меша. Тоа треба малку да се излади, па потоа со интензивно мешање се додават јајцата – едно по едно. Тестото мора да биде поретко.

Маслото се истура во мала тава, а потоа од тестото со лажица се вадат крукчиња и се ставаат во врелото масло. Откако ќе нараснат, крофните се вадат од маслото.

Шлагот е изматен, па крофната се сече на половина и се полни со него со шприц и крајниот производ се посипува со шеќер во прав.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK