Подготовка на брзи и лесни енергетски залчиња

bombici-4-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите знаеме дека благите „награди“ во текот на денот ни ја подобруваат енергија и тоа е доволна причина да се обидеме самите да си подготвиме нешто што ќе претставува здрава замена за чоколадите и ќе го обожуваме.







Oвој вкусен рецепт што ќе го споделиме содржи оризови галети, банана, мед и путер од кикирики кои го прават да биде нутритивно и енергетски богат. Оризовите галети се храна која е нискокалорична, со многу мал процент на масти и и треба кратко време за дигестија. Бананите се одличен извор на енергија бидеќи во себе содржат природен шеќер, а исто се извор на потазиум и ја подобруваат мускулната функција, медот е намирница која сите ја сакаат и содржи едноставни шеќери, додека путерот од кикирики содржи масти и протеини кои овозможуваат долготрајна енергија.

За да ги направите бомбиците ќе ви требаат:

– 6 оризови галети (може да бидат заменети со овесни снегулки).

– ½ банана

– ¼ чаша путер од кикирики

– една лажица мед

Оризовите галети треба добро да се иситнат (рачно или во процесор за храна доколку имате), потоа се додава бананата која треба да биде испасирана и на крај се додаваат медот и путерот од кикирики. Состојките се мешаат додека не се соединат. Потоа од смесата треба да направите бомбици (околу 20), да ги наредите на хартија за печење и да ги ставите во рерна која претходно ќе биде загреана на 160 степени. Се печат отприлика 10 мин и потоа се оставаат во рерната додека не се изладат.

Постои и алтернативен начин за подготовка на овој рецепт. Постапката и намирниците се исти само смесата не мора да се пече, туку се складира во фрижидер и се употребува за покусо време.

Нутритивна вредност: 673 калории, 34 грама масти, 21 грам протеини и 79 грама јаглехидрати.

Јаглехидратите може да ги сретнеме во едноставни или во покоплексни форми, тие ќе ви обезбедат дополнителен извор на енергија. Едноставните јаглехидрати обезбедуваат инстант енергија, додека комплексните овозможуваат постепено ослободување и константност на енергијата.

М. Кизова

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK