Големата плажа – „улцињска Копакабана“ на Јадранот

plaza-ulcinj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Прочуената Голема плажа што се наоѓа на самиот југ на Црна Гора, важи за најдолгата плажа на Јадранот. Оваа природна знаменитост е долга 13 километри и широка 60 метри, со површина од 600.000 квадратни метри и се протега од реката Бојана до пристаништето Милена во градот Улцињ, а капацитетот ѝ е дури 150.000 капачи.







Затоа, околните жители си ја нарекуваат „улцињска Копакабана“, по познатата плажа во Бразил. Големата плажа се одликува со многу долга плитка приморска лента и песок богат со минерали, на којшто многумина му припишуваат лековити својства, па тука подеднакво уживаат и децата и возрасните, пренесува „Кликс“.

До плажата, се наоѓа зеленило од суптропски, средоземноморски и украсни растенија, а тука е и хотелскиот комплекс со спортски терени за тенис, фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.

Плажата беше пофалена и од „Њујорк тајмс“, каде што пред извесно време беше вклучена во листата најпопуларни туристички дестинации… Но, и целата област е одлична за летен одмор, бидејќи тука се наредени уште околу 20 плажи, па има многу солиден избор. Само 10 километри на исток е албанската граница, каде што има заштитена мочурлива природна област, а во близина е и Скадарското Езеро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK