Комитетот на УНЕСКО не ја стави Венеција на листата на загрозенo светско наследство

grad-venecija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Комитетот за светско наследство  одлучи да не ги стави Венеција и нејзината лагуна на листата на загрозени места на светско наследство“, се вели во соопштението на УНЕСКО, културната агенција на ОН, по состанокот на комитетот во Ријад, пренесе Ројтерс.







Италијанскиот министер за култура Џенаро Сандуљано изјави дека ставањето на Венеција на листата ќе биде неоправдан потег кој не се заснова на објективни факти. „Затоа, Венеција не е во опасност“, се вели во соопштението.

Сандуљано рече дека УНЕСКО ги поздрави обидите на Италија да ги реши проблемите со системите против поплави МОСЕ и неодамнешната одлука да започне со наплата на туристички билети, што ќе се спроведе следната година.
Сепак, УНЕСКО изјави дека треба да се работи повеќе за да се заштити овој кревок град.

Комитетот ја повтори својата загриженост во врска со важни прашања што треба соодветно да се решат, како што се одржувањето, масовниот туризам, развојните проекти и климатските промени, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK