Концертниот филм на Тејлор Свифт продаде билети во вредност од 123,5 милиони долари во светски рамки изминатиот викенд, нешто помалку од раните проценки на киноблагајните, соопшти дистрибутерот „Еј-ем-си“.
„Еј-ем-си“ во неделата предвиде дека глобалната вкупна продажба на билети за Taylor Swift: The Eras Tour ќе достигне 126 до 130 милиони долари за проекции од четврток до недела.
Приближно 92,8 милиони долари од вкупната сума во светски рамки доаѓа од САД и Канада, вели дистрибутерот, што е подолу од предвидените 95 милиони.
Филмот за турнејата „Ерас“ сè уште го држи рекордот за концертен филм со најголема заработка во историјата. Претходниот рекордер, филмот на Џастин Бибер од 2011 година „Никогаш не кажувај никогаш“, собра 99 милиони американски долари на глобално ниво во текот на целото прикажување.
Одѕивот за филмот на Свифт обезбеди добредојден поттик за кината кои се соочуваат со бледа есен откако штрајкот на холивудските актери ги натера студијата да одложат дел од проектите.