Израелската влада за пропалестинската порака на Џиџи Хадид: Спиеше ли минатата недела?

Израелската-влада-за-пропалестинската-порака-на-Џиџи-Хадид-Спиеше-ли.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Манекенката Џиџи Хадид, чиј татко Мохамед е од палестинско потекло, се соочува со остра реакција од израелската влада откако го кажа својот став за нападите на Хамас врз Израел.

„Нема ништо еврејско во постапувањето на израелската влада кон Палестинците. Осудувањето на израелската влада не е антисемитизам и поддржување на Палестинците, тоа не е поддршка за Хамас,“ напиша Џиџи накнадно во текот на викендот.

Кратко потоа на официјалниот „Инстаграм“ на државата Израел се појави реакција на објавата на славната манекенка.

„Нема ништо храбро во масакрот на Хамас врз Израелците. Осудувањето на Хамас за она што е (ИСИС) не е чин против Палестина, а поддршката за Израелците во нивното право против варварските терористи е правилна работа. Џиџи Хадид, дали ја преспа минатата недела? Или, дали е во ред да ги затвораш очите пред колежот на еврејски бебиња во нивните домови? Твојата тишина јасно стави до знаење каде се наоѓаш,“ напишаа од таму.

Тие потоа објавија фотографија од крвава детска соба и напишаа: „Ако не го осудуваш ова, твоите зборови ништо не значат.“

За потсетување, Џиџи Хадид сподели објава на „Инстаграм“ минатата недела во која напиша дека „го осудува тероризмот врз невините луѓе“ под “движењето за слободна Палестина“ и испрати љубов и поддршка до своите пријатели, Палестинци и Евреи.

Сепак, некои ја обвинија дека директно не го осудува Хамас, додека други ја нападнаа дека се обидела „да игра на двете страни“ и дека ги заборавила своите корени. Манекенката, заедно со нејзината сестра Бела, во минатото беше гласен поддржувач на Палестина, поради што нејзината објава предизвика различни реакции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK