Масиел Таверас, актерка и поранешна Мис Универзум на Доминиканската Република, пристигна на црвениот тепих во Кан облечена во фустан од дизајнерката Џанина Азар со бел заден дел, долг четири метри, на кој сликарот Јан Паез го насликал ликот на Исус Христос.
Фустанот „Ел Кристо“ е проценет на 450 илјади долари.
View this post on Instagram
A post shared by M A S S I E L T A V E R A S (@masieltaveras)
„Тоа е синот Божји, еве го за прв пат на 77. Филмски фестивал во Кан“, напиша Масиел Таверас на Инстаграм, додавајќи дека е пресреќна и благодарна што имала можност да го покаже тоа.