(Видео) Убавата актерка проговори за аферата што ја имала со Мајкл Даглас


568232.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По 42 години, Мајкл Даглас откри дека имал љубовна врска со актерката Кетлин Тарнер. Таа сега го коментираше неговото откритие.


Во своите мемоари насловени One Helluva Ride, Мајкл Даглас откри дека тој и Тарнер – која сега има 72 години – имале тајна романтична врска за време на снимањето на хитот „Лов на зелениот дијамант“ во Мексико во 1984 година.

Во извадок од мемоарите, објавен од списанието People на 2 октомври, Даглас наведува дека тој и Тарнер „лудо се вљубиле“ за време на снимањето и започнале врска што намерно ја криеле.

„Се откривме еден со друг прво како пријатели, потоа како партнери во глумата, а на крајот и како љубовници“, напиша Даглас во извадокот.

Сега и Кетлин одлучи да проговори за оваа страсна авантура, давајќи кратка изјава за списанието People. Судејќи според нејзиниот коментар, откритието на Даглас не ја вознемирило, а камоли да ѝ го наруши јавниот имиџ.

„Боже мили, каква врева за нешто што се случило пред 40 години!“, се пошегува таа, додавајќи: „Го сакам Мајкл и со нетрпение очекувам да уживам во книгата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK