Левица: Уште една пријателка на Мицкоски избрана за член на РКЕ


levica-stip-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Она што Левица го разобличи уште пред четири месеци, вчера доби и официјалност – Мицкоски ја вдоми и својата советничка Ана Виткова во Регулаторната комисија за енергетика, велат од Левица.


„Додека граѓаните ги бројат денарите за струја, гориво и воопшто егзистенција, Мицкоски ги брои слободните фотелји во институциите што треба да ја контролираат енергетската индустрија. Со изборот на Виткова, која од август 2024 година е правна советничка во кабинетот на Мицкоски, продолжува бесрамното претворање на независните регулатори во продолжена рака на власта, подредена на политичките апетити на премиерот-енергетичар. Но, уште поскандалозно, Виткова не е само советничка на Мицкоски, туку била вклучена и во владини комисии за концесии за користење вода за производство на електрична енергија на Црна Река, како и во постапки за јавно-приватни партнерства во гасната дистрибуција“, велат од партијата.

Дополнително, додаваат од Левица, во нејзината биографија се наведуваат и ангажмани како надворешен правен консултант на приватни компании од енергетскиот сектор.

„Оттука, и имајќи ги предвид целиот начин на функционирање на ДПМНЕ, за очекување е дека Виткова на прва истанца нема ниту да се иззема од предемти каде што постои судир на интереси, како и дека ќе биде продолжена рака на Мицкоски и неговиот личен интерес во енергетскиот сектор, а не на граѓаните. Впрочем, ова не е ниту изолиран случај, туку само досега последен потег во подолгата операција за партиско освојување на РКЕ. Во септември 2024 година ДПМНЕ ја постави Елена Маркова-Велинова, дотогашна претседателка на партиската Комисија за енергетика. Во април годинава за претседател на РКЕ беше избран Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ДПМНЕ и сопственички интереси во бизнисот со мали хидроцентрали. Сега во истото регулаторно тело пристигнува и личната советничка на Мицкоски“, велат од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK