Осомничениот демнач кој тврди дека Шакира е „неговата сопруга“ беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно и испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки.
Даниел Џон Валтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за следење, според извештајот за апсење.
Според „Дејли Мејл“, 56-годишникот од Ел Пасо, Тексас, наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари. Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд во вторникот, каде рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка.
„Таа е моја сопруга“, му рекол тој на судијата, истакнувајќи дека „постојано разговара со неа“.
Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога осомничениот пристигнал и брзо бил приведен.
Тимот за безбедност на Шакира му кажа на Валтиер да престане да и испраќа подароци и да објавува детали за неа на интернет. Но, тие се загрижиле кога забележале објава на Инстаграм во која тој наводно се фалел дека отишол во домот на Шакира во Мајами Бич и споделил фотографија од визит-карта од мотел на Флорида.