Дру Баримор не се плаши од стареењето, а тоа го докажа и со својата најнова објава на Инстаграм. Судејќи според коментарите од нејзините обожаватели, таа воодушеви многумина со овој потег.
Не е тајна дека актерката Дру Баримор отворено зборува и дебатира за природниот процес на стареење, и дека не се плаши да го покаже своето вистинско лице – без шминка и апликации за убавина.
Неодамна објави видео на својот Инстаграм профил, каде што ги покажа своите брчки. Таа нагласи дека ги смета за знак на проживеан живот, и поради таа причина не сака да ги крие. Дру претходно отворено изјави дека не го гледа стареењето како товар, туку како привилегија.
View this post on Instagram
Во видеото, таа го нагласи следново: „Секако дека имам брчки на лицето… вака изгледа мојот живот“. Објавата потоа ја прикажува актерката како се смее и прави гримаси.
„Беше чест да ја заработам секоја брчка што ја имам на лицето!“, напиша таа.
Мрежите експлодираа
Објавата брзо доби голем број позитивни реакции и коментари, и потценување е да се каже дека обожавателите беа воодушевени од потегот на актерката.
View this post on Instagram
„Каков пример за нејзините ќерки“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Да! Тоа е тоа! Поради луѓе како вас се чувствуваме посигурни во прифаќањето на природното стареење, наместо да чувствуваме притисок да ја избришеме секоја брчка од нашите лица.“
Трет додаде: „Нека брчките како овие нè пронајдат сите.“