(Видео) Плус сајз манекенка доживеала непријатност во Дизниленд поради изгледот

тиктокерка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Плус-сајз моделот и тиктокерка, Грејс Бон од Панама објави видео во кое се пожали како доживеала голем срам во Дизниленд Париз затоа што родителите и децата ја исмевале поради нејзиниот изглед.

Грејс отишла во забавен парк за да се забавува со своите браќа и сестри, а потоа денот и бил уништен бидејќи минувачите се „исмејувале со големината на нејзиното тело“ и додала дека најлошото од се е што ги учат своите деца да го прават истото.

„Постојано ме фотографираа и ми упатуваа грди погледи или цело време ми се смееја. Знам дека можеби мислите дека претерувам и дека јас сум виновна што сум голема, но ова е буквално она што ми го дал Бог и морам да го прегрнам секое парче од мене“, разочарано објасни таа на TikTok.

@graciebon1stop body shame.

♬ sonido original – Dontitanspeakerman

„Дури и ако страдате од нешто или изгледате поинаку, не треба да бидете малтретирани поради изгледот. Никогаш не би коментирала негативно за туѓиот изглед. Почитта е клучна – рече таа, додавајќи дека Дизниленд треба да биде безбедно место каде сите се чувствуваат удобно и дека сака само да се забавува како и сите други.

„Ако нешто не ви се допаѓа, престанете да мразите и чувајте го за себе“, заклучила таа, а многу луѓе ја поддржале во коментарите.

„Потребни ни се повеќе луѓе како тебе, ти си толку убава. Те почитувам“, „Ти си убава. Навистина е тажно како луѓето можат да бидат толку злобни“, „Посакувам секој да може да се грижи за својата работа, но самодовербата е клучна“, се дел од коментарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK