Музичката ѕвезда одржа концерт во Даблин, но со три часа задоцнување, поради што публиката бурно реагираше.
Раперката Ники Минаж пред два дена имаше закажан концерт во Ирска, но ништо не помина според планираното, што видно ја разочара публиката.
Имено, на Тикток кружат видеа од настапот на кој пејачката доцнела три часа, а не сакала ни да надомести со продолжување, туку го скратила за повеќе од еден час.
@nicoleelha Nicki minaj being over 2 hours late and fans were not happy and some began to leave #nickiminaj #angryfans #copenhagen #nickiminajconcert #pinkfriday2 #foryou #danmark #fansbooing #2hourslate #foryoupage #fyp #dansktiktok #nicoleelha #fup ♬ i was only temporary – eyesore
Незадоволната публика трпеливо чекаше, а потоа луѓето почнаа да свиркаат и да ја напуштаат салата.
„Ники Минаж, има ли шанса да дојдеш на сцената во Даблин? Уште 45 минути до затворање?! Не е смешно“, „Ники Минаж не се појави на својот концерт во Даблин“, „Се надевам дека луѓето ќе добијат рефундирање“, „Ники Минаж доцни со часови на својот концерт, а потоа излезе од сцената по 5 минути бидејќи нејзиниот диџеј пушти погрешна плејлиста. Срамно“, се само дел од коментарите.