(Видео) На модна ревија во Милано, манекенките гаѓани со јајца и ѓубре, една од нив се лизна

manekenki-gjubre-revija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на модната недела во Милано се одржа ревија на револуционерниот бренд AVAVAV, познат по своите бизарни ревии. Овој пат отидоа чекор понатаму и приредија шоу каде публиката фрлаше супа, јајца, кори од банана и ѓубре по манекенките.


Како што манекенките излегуваа, на екраните беа прикажани пораки од тролови што ги добила дизајнерката Беате Карлсон, и иако публиката првично се двоумеше да ги таргетира моделите, како што одминуваше шоуто, се повеќе од нив се приклучија во процесот. На пистата имаше се повеќе и повеќе ѓубре, а една манекенка се лизна.

На самиот крај на ревијата, дизајнерката Беате Карлсон излезе и се поклони на публиката, а потоа сопругот на извршната директорка на брендот ја удри со пита по лицето.

Ревијата привлече големо внимание на социјалните мрежи, а не недостигаа и смешни коментари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK