(Видео) Француската полииција издаде предупредување поради пијана срна, на поле трчаше во круг и паѓаше


srna-depositphotos_334204726_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француската полиција објави необично видео од срна која се однесува како да е под дејство на алкохол, откако, според објаснувања на стручњаци, изела ферментирано овошје и растенија во природата.


Снимката, споделена од жандармите од департманот Саон-ет-Лоара, брзо станала вирална и била прегледана повеќе од 300.000 пати. На видеото се гледа животното кое се тетерави, трча во круг и повеќепати паѓа, додека неговото однесување личи на алкохолизирана состојба.

Стручњаците објаснуваат дека во пролет некои диви животни јадат презреано или ферментирано овошје, при што се создава етанол — ист вид алкохол како кај алкохолните пијалаци. Ова може да предизвика дезориентација и губење на координација.

Слични случаи се забележани и кај други животни како птици, мечки, лосови и слонови во потоплите периоди од годината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK