Дејвид Бекам објави видео на Инстаграм во кое покажа како го започнува денот со вежбање и на тој начин ги „фрли“ своите обожаватели во транс.
Поранешниот фудбалер ја соблече маицата за да ги покаже своите мускули на почетокот на клипот, а потоа почна да вежба во својата приватна теретана дома.
View this post on Instagram
„Нема подобар начин да го започнете денот“, напиша тој покрај видеото, а една обожавателка се пошегува: „Се согласувам, и за мене е убав почеток“, а таа не беше единствената на која и се допадна сцената.
„Среќен е тој кој го снимил“, „Јас би бил твојата клупа за вежбање“, „Сега сум среќна“, „Ти благодарам Викторија“, „Уф Дејвид“, „Можеме да вежбаме заедно“, „Ова ми ја направи неделата“ и „Можеш ли да го вклучиш светлото за да можам да проверам како ти напредуваат стомачните?” се некои од коментарите.