Ненси Стронг од САД го прослави својот 90-ти роденден во голем стил – отиде во Париз на концерт на Тејлор Свифт.
„Се започна со моите внуци Џенифер и Брајан, кои се вистински фанови на Свифт. Ми рекоа – Бабо, ајде да одиме заедно во Париз на концертот на Тејлор Свифт”, изјави Ненси за Пипл.
View this post on Instagram
Успеале да купат пет билети, па со нив отишле синот на Ненси и неговиот пријател. Тие останаа во луксузниот хотел Булгари, со надеж дека и таму ќе ја видат Свифт.
View this post on Instagram
„Се надевавме дека ќе биде во пентхаусот, но таа не беше“, вели Ненси, која признава дека е фан на Свифт 10 години.