30 години јубилеј – 30 години Ѓоко Танески – Време е за концерт

Gjoko-Taneski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… само дел од хитовите кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Ѓоко Танески. Токму овој голем јубилеј е повод за неговиот солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ закажан на 20 јули во Античкиот театар во родниот Охрид на пејачот.

Го нарекуваат човек глас, пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади… глас кој ги топли душите и ги милува срцата затоа на сцената на Антички очекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.

Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а на сцената Ѓоко освен што ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола, ќе бидат присутни и неговите специјални гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Оваа година е јубилејна година за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисла само ако се одбележуваат и тоа заедно со драги луѓе. Затоа, на 20 јули, каде и да сте, во Охрид да сте!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK