Тиранијата на тенкоста сè уште доминира во модата

Тиранијата-на-тенкоста-сe-уште-доминира-во-модата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







И покрај тврдењата дека модната индустрија сè повеќе вклучува манекенки со облини, податоците покажуваат дека тоа е само “мачкање очи“.

Во последните години неколку плус-сајз модели, како Палома Елсесер, добија медиумско внимание, но бројките покажуваат дека тие сè уште се во малцинство.

„Вог Бизнис“ прегледа дури 9.137 облеки прикажани на 219 ревии одржани минатата сезона во Њујорк, Лондон, Милано и Париз и откри дека само 0,6 отсто биле плус сајз – дефинирани како големина 14 или над 14, што всушност е просечната големина што ја носат повеќето жени во САД, а само 3,8 проценти биле со големина од 6 до 12.

Ова значи дека 95,6 отсто од облеките биле претставени во американски големини од 0 до 4. Паоло Волонте, професор по социологија на модата во Милано, тврди дека брендовите користат само неколку модели плус-сајз за да избегнат критики.

„Тоа е мачкање очи,“ рече тој за АФП, споредувајќи го овој феномен со, како што рече, циничниот манипулативен зелен маркетинг или еко-манипулација, при што таа индустрија ја обвинуваат за празни климатски ветувања.

„Тие користат модели со облини во своите кампањи за да покажат инклузивност, но тоа го прават само за да го зачуваат системот заснован на тиранија на идеалот на виткост“, рече Волонте. Дваесетгодишната студентка по право, која е и модел, Екатерина Ожиганова, тврди дека луксузните брендови едноставно одбиваат да претставуваат обични луѓе.

На жените кои носат средна големина или мидиум-сајз обично им се кажува да изгубат тежина или да зголемат до XL“, изјави таа за АФП. „Не е здраво ниту првото ниту второто.“

Група на активистката Екатерина Ожиганова, која работи под името Model Law („закон за модели“), направила анкета според која 9 од 10 манекенки изјавиле дека се под притисок да ја сменат тежината, а повеќе од половина од нив тоа го доживуваат на дневна основа.

„Тешко им е да зборуваат за тоа,“ вели таа. „Ако се жалите, сите ќе ви кажат: душо, тоа ти е работа.“

Волонте објаснува како оваа опсесија со тенкоста започнала со појавата на техниките за индустриско производство. Дизајнерите порано создавале облека специфична за поединец. Во ерата на масовно производство се користат помали шаблони кои се зголемуваат на поголеми димензии. Ова функционира до одредена големина, по што дебелината и мускулите можат да го променат обликот на телото на сложени начини.

„Многу е поскапо да се произведува и продава облека во поголеми димензии, а тоа бара поголема експертиза“, објаснува Волонте.

Имаше напори да се променат работите од раните 2000-ти, кога се проширија стравувањата дека моделите со нулта големина (size-zero) поттикнуваат анорексија кај младите луѓе.

Но, модата останува мода… Тоа е свет на фантазија и тоа никогаш нема да се промени суштински.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK