Среќник од Калифорнија освои џекпот вреден 1,7 милијарда долари, втора најголема добивка во светот

Среќник-од-Калифорнија-освои-џекпот-вреден-17-милијарда-долари-втора.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Жител на Калифорнија ја освои втората највисока добивка на лотарија во светски рамки – неверојатни 1,73 милијарда долари – во средата вечерта.

Џекпотот на американската лотарија „Пауербол“ порасна на неверојатни 1,73 милијарда долари, откако не беше извлечен во понеделникот вечерта.

Добитникот има право на избор помеѓу годишна награда вредна околу 1,7 милијарда долари или паушална исплата проценета на 756,6 милиони долари. Секако, државата ќе ѝ наметне огромен данок на наградата.

Добивката од 1,73 милијарда долари е втора по големина, по онаа од 2,04 милијарда долари извлечена во Калифорнија минатиот ноември.

„Пауербол“ се игра во 45 американски сојузни држави. Во повеќето од нив, еден лоз чини два долари. Играчите сами си ги избираат броевите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK