–>

Тејлор Свифт е најстримувана уметница во историјата на „Спотифај“

Тејлор-Свифт-е-најстримувана-уметница-во-историјата-на-„Спотифај.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тејлор Свифт уште еднаш влезе во историјата на „Спотифај“ откако пејачката постигна два подвизи на платформата за стриминг на музика по објавувањето на албумот „1989 (верзија на Тејлор)“.

„Го стори тоа повторно. На 27 октомври, Тејлор Свифт стана најстримуван изведувач во еден ден во историјата на Spotify, а 1989 (Taylor’s Version) е преслушан највеќе пати во еден ден во 2023 година досега,“ соопштија од „Спотифај“.

Фановите брзо реагираа на новото достигнување на Тејлор. „Еден наслов најдобро кажа: Тејлор Свифт е музичката индустрија,“ коментираа многумина.

Според „Чарт дата“, Тејлор го сруши својот рекорд на 27 октомври за најголем стриминг-ден за кој било изведувач на „Спотифај“со 260 милиони преслушања низ нејзиниот каталог.

Таа, исто така, стана првиот изведувач што постигна повеќе од 250 милиони слушања на платформата.

Реиздание на албумот „1989“ има најмногу стримови во еден ден во историјата на сите албуми објавени на „Спотифај“. Истиот ден, Свифт го собори и сопствениот рекорд и уште еднаш ја освои титулата изведувач со најмногу стримови во првите 24 часа од објавувањето. Првпат овој рекорд го постигна со својот десетти студиски албум, Midnights, во октомври 2022 година.

Новата верзија на албумот „1989“ содржи 16 нумери од оригиналната верзија на албумот и пет нови песни.

Поп-дивата најави во 2019 година дека планира да ги пресними своите први шест студиски албуми откако нејзината поранешна издавачка куќа ги продаде нејзините мастер- снимки. Оттогаш, таа издаде ‘верзија на Тејлор“ за албумите Red, Speak Now, Fearless и 1989. Се очекуваат нови верзии на албумот Reputation и нејзиниот прв албум Taylor Swift.

Неодамна „Форбс“ објави дека Тејлор постигнала статус на милијардерка со проценета вредност од 1,1 милијарда долари.

Списанието процени дека само музичкиот каталог на Тејлор сега вреди 500 милиони долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK