Главните протагонисти на серијата „Пријатели“ објавија заедничка изјава по повод смртта на нивниот колега Метју Пери.
Зад изјавата потпишани се Џенифер Анистон, Мет Лебланк, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Кортни Кокс.
„Сите сме целосно потиштени. Ние бевме повеќе од колеги, ние сме семејство. Има уште многу да се каже, но засега ќе одвоиме миг за да го исплачеме и да ја разбереме оваа неразбирлива загуба. Засега мислите ни се со семејството на Мети, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот“, нагласуваат тие.
Метју Пери, кој го глумеше Чендлер – еден од главните ликови во „Пријатели“, беше пронајден мртов во своето џакузи дома во саботата. Тој имаше 54 години.