Сопственичката на „Лореал“ стана првата жена со богатство од 100 милијарди долари

Сопственичката-на-„Лореал-стана-првата-жена-со-богатство-од-100.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Наследничката на „Лореал“, Франсоа Бетенкур Мејерс, стана првата жена која достигна 100 милијарди долари, со што стана 12. најбогата личност во светот.

Бетенкур Мејерс се’ уште е далеку од францускиот колега Бернар Арно, кој е втор на листата на најбогати луѓе, со богатство од 179 милијарди долари.

Таа ја наследи компанијата по смртта на нејзината мајка Лилијан Бетанкур во 2017 година, за која се вели дека е најбогатата личност во Франција, пишува Би-Би-Си.

Франсоз Бетенкур Мејерс е потпретседател на управниот одбор на „Лореал“ а таа и нејзиното семејство се најголемите индивидуални акционери на компанијата со удел од околу 35 проценти.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK