Шварценегер за операцијата на срцето: „Кога се разбудив, лекарите рекоа дека им е жал“

Шварценегер-за-операцијата-на-срцето-„Кога-се-разбудив-лекарите-рекоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арнолд Шварценегер збореше за операцијата поради која, како што вели, можеше да умре.


„Се сеќавам кога ја имав мојата трета операција на отворено срце. Тоа беше пред само неколку години, непосредно пред да започнеме со снимањето на Терминатор 6. Бев навистина откачен. Многу ми е жал, но не одеше онака како што планиравме“, рече актерот.

Тој додаде дека требало да биде едноставна процедура, но се се искомплицирало кога лекарите по грешка му го пробиле ѕидот на срцето, предизвикувајќи внатрешно крварење. Поради ова, лекарите морале да му ги отворат градите на Шварценегер за да му го спасат животот.

“Се прашував како да се извлечам од се. Во филмот требаше да трчам, да снимам сцени со тепачки, да кревам разни предмети. Но прво морав да излезам од болница. Ми помогнаа пријателите, кои ме мотивираа“, додаде актерот.

Неговото закрепнување напредуваше бавно, од 10 чекори дневно до секојдневни прошетки низ болницата.

На крајот, Шварценегер го продолжил закрепнувањето дома и можел да се подготви за снимање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK