Шасивари: Силна соработка со Косово за унапредено и поефикасно правосудство


203023.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерката за правда на Република Косово, Доника Грвала, во рамките на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, што се одржува во Будва, Црна Гора.


На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката определба за натамошно продлабочување на институционалната соработка во областа на правосудството.

Во фокусот на разговорите беа размената на искуства, зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против корупцијата и унапредувањето на реформите во согласност со европските стандарди.

Шасивари истакна дека Косово е важен и близок партнер на нашата земја и дека традиционално добрите односи претставуваат цврста основа за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете министерства.

Двете страни ја нагласија важноста на континуирана, конкретна и резултатски ориентирана соработка, која ќе придонесе за поефикасни институции, посилно владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во правосудството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK