Се претставил како Бред Пит и побарал пари за лекување: му уплатила 830.000 евра

Screenshot-2025-01-15-075057.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

53-годишната дизајнерка на ентериер Ана од Франција за францускиот канал TF1 раскажала како станала жртва на голема измама поради која на непознат маж му испратила 830.000 евра мислејќи дека тоа е Бред Пит. Ана тврди дека измамникот ја контактирал преку Инстаграм, претставувајќи се како мајка на актерот, Џејн Ета Пит.


Еден ден подоцна, таа добила уште една порака од друга сметка на која наводно пишувало: „Здраво, Ана. Мајка ми ми кажа многу за тебе. Би сакал да знам повеќе за тебе“. Ана рече дека во тој период поминувала низ тешка криза во бракот, поради што чувствувала дека може да и се довери на оваа личност – која на крајот ја злоупотребила нејзината доверба.

„Станува збор за Бред Пит. Прво си реков дека сето тоа е лажно, но не разбрав што навистина се случува. После тоа, тој почна да ми пишува секој ден и станавме пријатели“, рекла Ен. „Толку малку мажи пишуваат такви работи. Ми се допадна мажот со кој разговарав. Знаеше да разговара со жени, секогаш го правеше тоа на многу атрактивен начин“, додала таа.

„Бред Пит“, вели Ана, во еден момент и напишал дека има рак на бубрегот и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да си ги дозволи средствата за лекување. Тој и испратил фотографии од болницата (дури и од операционата сала), создадени со помош на вештачка интелигенција. Никогаш не разговарале на телефон бидејќи, како што вели Ана, секогаш биле презафатени.

По неколкумесечна кореспонденција, Ана се согласи да се омажи за човекот кој и праќаше пораки. Таа на крајот му исплатила пари за „третман“ на лажна сметка. Почнала да се сомнева во неговиот идентитет кога во медиумите се појавија фотографии од Бред Пит со неговата девојка Инес де Рамон. Таа ангажирала инспектори кои набрзо ја откриле вистината – таа никогаш не комуницирала со Бред Пит. Сепак, било предоцна.

Странските медиуми јавуваат дека Ана последователно завршила во болница и и била дијагностицирана тешка депресија. Не е познато дали успеала да си ги врати парите, но истрагата наводно е во тек.

Овој инцидент се случи откако портпаролот на Бред Пит предупреди дека две други жени биле измамени преку Интернет на ист начин. „Ужасно е што измамниците ја искористуваат силната врска на фановите со познати личности. Не одговарајте на такви пораки, особено од актери кои воопшто немаат присуство на социјалните мрежи“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK