Samsung најавува глобална и европска соработка со Warner Bros. Pictures: Аквамен и изгубеното кралство x SmartThings

aquamen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 15 декември 2023 г. – Излегувањето на филмот Аквамен и изгубеното кралство овој декември ќе биде еден од најголемите филмски настани на годината. Денес, пред филмската премиера, Samsung Electronics ја најавува својата ексклузивна соработка со Warner Bros. Pictures. Празничната соработка се состои од две фази; Глобална малопродажна активација и европска дигитална активација: Кралството SmartThings на Аквамен. Кампањата ќе биде присутна низ целиот меѓуканален екосистем на Samsung.







 

„Соработката со Warner Bros на филмот Аквамен и изгубеното кралство, една од нивните најголеми франшизи, е неверојатна. Прикажувањето на можностите на SmartThings во комбинација со супермоќите на Аквамен, ќе им обезбеди на корисниците незаборавно искуство. Овозможувањето на корисниците да видат ексклузивен трејлер во јасна 8K резолуција е одличен начин да се открие изгубеното кралство,“ истакна Бенџамин Браун, главниот маркетинг директор за Samsung Европа.

 

Во исчекување на официјалната меѓународна премиера на големите екрани на 20 декември и на 22 декември во Северна Америка, официјалниот трејлер за филмот Аквамен и изгубеното кралство ќе биде достапен исклучиво на телевизорите на Samsung во продавниците овозможувајќи им на купувачите доживување во неверојатна 8K резолуција. Овој возбудлив чекор напред во содржината 8K, кој е дел од пошироката соработка за содржина 8K помеѓу компаниите Samsung и Warner Bros. ќе ги покаже можностите на телевизорот Samsung Neo QLED 8K, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во трејлери со кинематографски квалитет. Фазата на малопродажба ќе им даде на корисниците можност да станат херои на своите домови, истакнувајќи ги можностите на машините за перење на Samsung за намалување на потрошувачката на електрична енергија до 70 проценти[1] со Samsung SmartThings AI Energy[2].

 

Со премиера низ Европа од 11 декември на Samsung.com, кралството SmartThings на Аквамен ќе ги поведе корисниците на патување низ кралството на Аквамен. Посетителите на страницата можат да истражат како да користат SmartThings Find за следење на својот паметен телефон Galaxy Z Flip5 или на скапоцени артефакти, како да ја контролираат потрошувачката на електричната енергија со SmartThings Energy (без потреба од тризабец) или да ја користат функцијата Jet Live на робот-правосмукалката Jet Bot™ AI+ за да ги проверат своите миленици додека се сами во домовите, меѓу другите секојдневни сценарија.

 

Фановите можат да го истражат кралството SmartThings на Аквамен на Samsung.com, како и да ги следат објавите на социјалните мрежи во Европа пред премиерата на филмот.

 

 

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com. 

.

 

За филмот Аквамен и изгубеното кралство

Режисерот Џејмс Ван и самиот Аквамен, Џејсон Момоа, заедно со Патрик Вилсон, Амбер Херд, Јахја Абдул-Матин II и Никол Кидман се враќаат во продолжението на DC филмот со најголема заработка на сите времиња, Аквамен и изгубеното кралство.

 

По неуспешниот прв обид да го победи Аквамен, Блек Манта, сè уште воден од потребата да се одмазди за смртта на својот татко, нема да го спречи ништо во обидот конечно  да го совлада Аквамен. Овој пат, Блек Манта е помоќен од кога било досега, користејќи ја моќта на митскиот црн тризабец кој ослободува древна и зла сила. За да го победи, Аквамен ќе му се обрати на својот брат Орм, поранешниот крал на Атлантида, за да формира сојуз. Заедно, тие мора да ги надминат сите свои разлики за да го заштитат кралството и да го спасат семејството, како и светот, од неповратно уништување.

 

Аквамен и изгубеното кралство на Џејмс Ван е продуциран од Питер Сафран, Ван и Роб Кауан. Извршни продуценти се Гален Вајсман и Валтер Хамада. Сценариото е напишано од Дејвид Лесли Џонсон-МекГолдрик, според приказната на Џејмс Ван и Дејвид Лесли Џонсон-МекГолдрик и Џејсон Момоа и Томас Па Сибет, заснована на ликот Аквамен создаден од Пол Норис и Морт Вајзинџер.

 

Warner Bros. Pictures ви го претставува филмот Аквамен и изгубеното кралство во продукција на Atomic Monster/Питер Сафран на Џејмс Ван, во кината ширум светот од 20 декември 2023 година и во Северна Америка од 22 декември 2023 година, со дистрибуција на Warner Bros. Pictures.

 

 

За групацијата Warner Bros. Pictures

Групацијата Warner Bros. Pictures е составена од Warner Bros. Pictures, New Line Cinema и Warner Bros. Pictures Animation. Warner Bros. работи со најинспиративните раскажувачи во светот за да создаде уникатна забава на секој екран ширум светот. Групацијата Warner Bros. Pictures е во центарот на филмската индустрија од своето основање и продолжува да биде водечка креативна сила, продуцирајќи најразновидна палета на филмови за кино дистрибуција низ целиот свет.

 

[1] Врз основа на внатрешно тестирање на моделот WW11BB944AGB при перење памук на 40 степени со вклучена функција AI Energy Mode споредено со некористење на функцијата AI Energy Mode. Достапноста варира во зависност од пазарот.

[2] Функцијата AI Energy Mode е достапна преку апликацијата SmartThings на уредите со Android и iOS. Потребно е Wi-Fi поврзување и сметка на Samsung. Функцијата може да се примени кога е избрана температура на перење за циклус 20 ~ 40 °C (со исклучок на студените циклуси како на пр. Super Eco Wash). Достапноста варира во зависност од пазарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK