Сер Род Стјуарт ги откажа преостанатите концерти од неговата турнеја во САД „One Last Time“ за 2026 година поради операција на срце. 81-годишниот музичар ќе се опоравува четири недели по операцијата, пишува The Independent.
На Стјуарт му беше вграден коронарен стент, поради што неговите настапи во САД и Мексико, кои требаше да траат до септември, беа прекинати. Концертите во Охајо и Илиноис, концертите во Мексико и шест последователни концерти во Caesars Palace во Лас Вегас се откажани.
View this post on Instagram
„Веќе се чувствувам подобро и моето закрепнување оди добро“, напиша Стјуарт во објава на Инстаграм. „Сакам да им се заблагодарам на лекарите, медицинските сестри и на сите што толку прекрасно се грижеа за мене. Многу сум разочаран што морам да ги пропуштам овие настапи и ми е жал за сите обожаватели, но со нетрпение очекувам да се вратам на сцената и наскоро повторно да бидам со вас.“
Неговите претставници рекоа дека Стјуарт се „чувствува одлично“ по процедурата и дека „се вратил на нормалните активности“. Во соопштението се додава: „По совет на неговиот лекар, ќе му бидат потребни следните четири недели за целосно да се опорави пред да се врати на сцената. За жал, ова значи дека не може да продолжи со своите моментално закажани настапи. Организаторите и сопствениците на местата ќе ги објават сите откажани настапи.“
Два дополнителни концерти во Колорадо се закажани за септември 2027 година.