Принцот Хари ги тужи британските власти: Не му дозволиле да плати за да има полициско обезбедување

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Адвокатот на принцот Хари денеска пред судот во Лондон изјави дека на овој член на британското кралско семејство треба да му се дозволи да ја оспори владината одлука која му го ускрати правото да плати за полициска придружба за време на неговата посета на Велика Британија.







Адвокатот на Хари побарал од судијата да му дозволи на војводата да преземе правна постапка против Министерството за внатрешни работи и Извршниот комитет за заштита на кралското семејство и јавните личности поради тоа што му го ускратиле правото да си плати за обезбедување.

Портпаролот на принцот изјави дека неговиот американски тим што го обезбедува нема јурисдикција во странство, ниту пристап до разузнавачките служби во Велика Британија.

Во фокусот на денешното рочиште беше тврдењето на Хари дека не се чувствува безбедно кога ги носи своите мали деца од САД во Велика Британија без полициска заштита.

Британската влада престана да го обезбедува Хари откако тој и неговата сопруга Меган ги напуштија своите кралски должности и се преселија во Калифорнија во 2020 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK