Претставничката на Израел по Евровизија: Би било лага ако кажам дека беше лесно

12217379-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Еден Голан, претставничката на Израел на овогодишниот избор за песна на Евровизија, се огласи на „Инстаграм“ по завршувањето на натпреварот.

„Каде да почнам? Прво би сакала да кажам дека сум горда на тоа колку далеку стигнавме. Благодарна сум за привилегијата да ја претставувам мојата земја, особено во овие тешки времиња. Од моментот кога го почнавме ова патување, нашата цел отсекогаш беше да го споделиме силниот глас на Израел на една од најголемите сцени. Би било лага ако кажам дека беше лесно, но вашата поддршка и љубов ми дадоа сила да продолжам и да ја дадам најдобрата изведба што можеше“, напиша таа.

„Би сакала да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа од целиот свет, на мојата земја, на членовите на делегацијата и на моето семејство, кои едвај чекам да ги видам и гушнам. И секако, благодарам на сите што гласаа бидејќи Благодарение на вас, моето учество на натпреварот за песна на Евровизија го посветувам на гласовите што не можеме да ги слушнеме – киднапираните. Очајнички чекаме да се вратите дома“, рече таа.

За потсетување, Израел на овогодинешниот Евросонг заврши на петтото место со 375 гласови, од кои 323 од публиката. Учесничката се соочи со свирежи за време на нејзиниот настап поради војната во Газа, а непосредно пред одржувањето на натпреварот пред арената имаше големи пропалестински протести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK