Францускиот актер Винсент Касел се појави на премиерата на филмот Партенопа на Канскиот филмски фестивал, а со него на црвениот тепих позираше и неговата 29 години помлада девојка, бразилската манекенка Нара Баптиста.
Парот се појави во елегантни комбинации, а на црвениот тепих разменуваа бакнежи и прегратки.
Да потсетиме, 57-годишниот актер на почетокот на минатата година се раздели со сопругата, 26-годишната манекенка Тина Кунаки, а со Нара се зближи откако се допишуваше на Инстаграм и почнаа да го поминуваат времето заедно во Рио.