Јутјуберот Тиаго Еугенио почина откако помина 80 дена во кома по сообраќајна несреќа, пишува Дејли Мејл.
Португалската ѕвезда се здоби со сериозни повреди по судирот на автопатот Алгарве на 23 јуни и пожарникарите мораа да го извлечат 28-годишникот од возилото.
Еугенио бил итно пренесен во болницата Фаро каде што поминал 80 дена на интензивна нега во кома – но тој почина од повредите во четвртокот наутро.
Неговата мајка ја потврди веста со емотивна почит на нејзиниот „голем воин“ кој „се бореше 80 дена“.
Еугенио е роден во Сао Брас де Алпортел, град во регионот Алгарве во Португалија, а стана ѕвезда на Јутјуб откако го отвори својот канал пред четири години. На својот канал тој блогираше за својот живот, од тоа како се справува со негативните коментари на Јутјуб до стоматолошка хируршка процедура.