Олена Зеленска и Јулија Навална ја одбија поканата на Бајден: Првата дама на Украина и вдовицата на Навални нема да бидат во иста просторија

julija-navalna-i-zelenska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Олена Зеленска, првата дама на Украина, нема да присуствува на утрешниот говор на американскиот претседател Џозеф Бајден за состојбата на нацијата во Конгресот на САД и покрај поканата на Белата куќа, најверојатно поради најавеното присуство на вдовицата на Алексеј Навални – Јулија.

„Поради планираните настани во распоредот, вклучително и посетата на децата од сиропиталиштето во Киев, која беше однапред планирана, првата дама за жал нема да може да учествува на настанот“, изјавија за Политико од кабинетот на Зеленска.

Сепак, „Вашингтон пост“ објави дека уште една причина зошто Зеленска ја одбила поканата е затоа што таа требало да седи во близина на првата дама на САД, Џил Бајден, и Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во руски затвор минатиот месец.

„Вашингтон пост“ наведува дека тоа предизвикало непријатност кај највисокото раководство на Украина, бидејќи многу Украинци не ги гледаат Навални и другите руски опозиционери како сојузници во борбата против рускиот претседател Владимир Путин.

Се наведува дека тоа се должи на забелешките на Навални дека Крим е дел од Русија. Навални подоцна јавно го поддржа обновувањето на границата на Украина во 1991 година, додека се спротивстави на рускиот напад врз Украина.

Сепак, и Навална ја одбила поканата на Белата куќа, наведувајќи го заморот како причина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK