Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника


sandra-bulok-depositphotos_48700669_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето пред фотографите кај неа предизвикува паника.


Во разговор со Џенифер Анистон за „Interview Magazine“, 62-годишната актерка призна дека свечените настани никогаш не ѝ биле омилени.

„Секогаш ме фаќа паника на таквите настани. Се чувствувам како срна пред фарови, се потам и се обидувам да не правам глупави гримаси“, рече Булок.

Таа објасни дека уште од детството е повлечена и дека тешко се справува со јавниот имиџ. За разлика од црвениот тепих, интервјуата не ѝ претставуваат проблем.

„Проблемот е позирањето. Сакам да бидам Зендаја, но никогаш нема да бидам Зендаја“, се пошегува актерката.

Булок и претходно зборувала за тремата на премиерите, а неодамна во разговор со Ејми Полер го опишала црвениот тепих како „кошмар“.

Нејзините последни јавни настапи се дел од промоцијата на филмот „Магија 2“ и го означуваат нејзиното враќање во центарот на вниманието по повеќегодишна пауза. Булок се повлече од холивудските проекти додека нејзиниот партнер Брајан Рандал се бореше со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Тој почина во август 2023 година, на 57-годишна возраст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK