Новиот Џејмс Бонд критикуван затоа што се оженил со постара жена, одговорил: „Па, тоа е бизарно“

зе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арон Тејлор-Џонсон и неговата сопруга Сем, често се мета на негативни коментари поради нивната голема разлика во години.


Актерот Арон Тејлор-Џонсон (33), наводно новиот Џејмс Бонд, проговори за бракот со Сем Тејлор-Џонсон (57) и нивната разлика во годините. Сопружниците често се мета на негативни коментари поради нивната голема разлика во години, а актерот вели дека таквите коментари му се „бизарни“.

Она што треба да го разберете е дека на 13 години правев работи што повеќето луѓе ги прават во нивните 20-ти. Дали нешто e пребрзо за другите? Не го разбирам тоа. Со која брзина треба да уживаме во животот? Мене ми е бизарно – изјави актерот кој ретко го коментира приватниот живот за Ролинг Стоун. Тој исто така рече дека неговата сопруга е „одличен филмаџија и прекрасен раскажувач“ и дека критиките на публиката често им пречат.

„Се чувствувам заштитен. Многу е тешко. Има дел од мене кој чувствува дека ако нешто не успее, јас сум виновен. Луѓето ја гледаат и перципираат оваа работа околу мојата кариера и тоа е во ред. Но, јас само се обидувам да ги балансирам семејството и работата. Правам нормални работи, одам на забар. Кариерата не мора нужно да биде во втор план, но треба поинаку да размислувате за одлуките што ги носите“, рече тој.

Арон и Сем се запознале во 2009 година на снимањето на филмот „’Nowhere Boy“. Тој тогаш имаше 18 години, а таа 42. Арон беше главниот актер и го отелотвори ликот на Џон Ленон, а Сем го режираше филмот.

Три години подоцна се венчаа, а заедно имаат две деца, Вајлда (13) и Роми Херо (11). Сем има две ќерки од првиот брак, Анџелика (25) и Џеси (15).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK