Новак Ѓоковиќ уживаше на плажа во Мајами во друштво на пријатели

7257a79a-f6a4-4422-bf4c-f36365333fd7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Новак Ѓоковиќ е снимен како ужива на плажа во Мајами во друштво на пријатели, без сопругата Јелена, откако го откажа настапот на турнирот во Мајами опен.

36-годишниот српски тенисер пристигна на плажата откако се смести во хотелот, а уживаше во пливањето и дружењето со своите пријатели и не пропушти да се фотографира со фановите.

Инаку, Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Мајами по поразот на турнирот во Индијан Велс од 123. играч во светот Италијанецот Лука Нарди и изјави дека моментално прави баланс меѓу приватниот живот и професионалните обврски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK