Најстарото куче во светот живее на фарма во Португалија

Најстарото-куче-во-светот-живее-на-фарма-во-Португалија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Боби, роден на 11 мај 1992 година, е чистокрвен Рафеиро до алентехо мажјак за кого се грижи Лионел Коста од Конкирос, село во јужна Португалија.



Во февруари 2023 година, Боби беше прогласен за најстарото куче на светот од Гинисовата книга на рекорди. Единственото куче кое доживеало 30 години, неодамна прослави уште еден роденден.

На 11 мај 2023 година, Боби наполни 31 година. Неговиот сопственик, Лионел Коста, изјави за „Гинис“ дека роденденот бил обележан со традиционална португалска забава. Над 100 луѓе присуствувале на забавата на која настапила и танцова трупа.

Сопственикот изјави за „Гинис“ дека Боби ужива големо внимание откако е крунисан за најстаро куче на светот.

„Имавме многу новинари и луѓе доаѓаат од целиот свет да се фотографираат со Боби,“ рече тој.

Боби е чистокрвен Rafeiro do Alentejo, раса на португалски кучиња тренирани да чуваат добиток. Како што старее, има потешкотии со одењето, а исто така и слабеење на видот, открива неговиот сопственик.

„Боби е посебен затоа што гледајќи во него е како да се сеќаваме на луѓето кои беа дел од нашето семејство, а за жал повеќе не се тука, како татко ми, брат ми или моите баба и дедо кои веќе го напуштија овој свет,“ вели Лионел.

Португалскиот мастиф е раса на кучиња чувари со просечен животен век од 12 до 14 години. Во регионот на Алентехо, тие се популарни меѓу сопствениците на фарми со векови.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK