Мајкл Џордан – првиот спортист меѓу 400 најбогати Американци на листата на „Форбс“

Мајкл-Џордан-–-првиот-спортист-меѓу-400-најбогати-Американци-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарската легенда Мајкл Џордан стана првиот спортист кој се најде на листата на „Форбс“ на 400 најбогати Американци.

Шесткратниот шампион во НБА, кој има профитабилен договор за лиценцирање со „Најк“ и, неодамна го продаде својот мнозински удел во „Шарлот Хорнетс“, достигна неверојатна нето вредност од 3 милијарди долари, влегувајќи во просторот резервиран за магнати како Илон Маск, Џеф Безос, Ворен Бафет и Кен Грифин.

Не е јасно точно кое место ќе го заземе Џордан кога ќе се ажурира листата во наредните месеци, но минатогодишната листа на „Форбс“ имаше 10 луѓе со нето богатство од 3 милијарди долари на 359 место. Мајкл Џордан на тој начин стана првиот професионален спортист меѓу 400-те најбогати луѓе во Америка.

„Форбс“ вели дека го пресметува богатството земајќи ги предвид сите видови имот, вклучително и удели во јавни и приватни компании, недвижен имот, уметност, јахти, авиони, фарми, лозја, накит, колекции на автомобили и друго, истовремено земајќи ги предвид долговите и донациите.

Џордан стана првиот афроамерикански сопственик на тимот кога го купи „Шарлот“ за 275 милиони долари во 2010 година, тогаш познат кога како „Бобкетс“. Тој го продаде својот удел ова лето за неверојатни 3 милијарди долари, втора највисока продажна цена во историјата на лигата.

Во 2022 година, „Најк“ објави дека партнерството со Џордан, кое започна во неговата дебитантска година во 1984 година, генерира приход од 5,1 милијарди долари за компанијата, што претставува неверојатни 11% од вкупната продажба на „Најк“.

Славата на Џордан на теренот доведе до успех надвор од теренот, вклучително и профитабилни потписи со „Гетордејт“, „Ханес“, „Шевролет“, „Мекдоналдс“, „Бол Парк Френкс“ и „Витис“. Прославениот кошаркар е уникатен и по спортските вештини и по финансиската состојба имајќи предвид дека само седум професионални спортисти го имаат постигнато статусот милијардер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK