Канје Вест тврди дека е аутист во низа бизарни пораки до Илон Маск

Канје-Вест-тврди-дека-е-аутист-во-низа-бизарни-пораки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Канје Вест тврди дека е аутист – но не и биполарен – во низа бизарни текстови што ги испратил до Илон Маск.

46-годишниот рапер откри во 2018 година дека му било дијагностицирано биполарно растројство, но години подоцна на „Твитер“ тврдеше дека се работи за погрешно поставена дијагноза.

Тој сега го замоли својот пријател Јан Конор да сподели на „Инстаграм“ снимки од наводни пораки до ко-основачот на „Тесла“, Илон Маск, во кои раперот говори за своето здравје и во кои тврди дека поранешната сопруга Ким Кардашијан го спречува да се гледа со нивните деца.

Во една од пораките објавени на социјалната мрежа во средата, раперот му напишал на милијардерот: „Ништо не ми должиш. Никогаш повеќе не мора да зборуваш со мене, но ако зборуваме, природата на врската мора да се промени, јас не сум биполарен, имам знаци на аутизам од мојата сообраќајна несреќа од 2002 година“.

„Значи, ќе го кажам ова повторно. Ми поставија погрешна ментална дијагноза и речиси ме издрогираа за од мене да направат добро воспитана податлива славна личност…“.

Не е јасно што го поттикна Канје да сака да ги сподели пораките бидејќи моментно е на одмор во Европа со својата 28-годишна сопруга Бјанка Ценсори.

И иако Канје тврди дека Ким не му дозволува да биде со нивните четири деца, раперот беше фотографиран пред неколку недели со седумгодишниот син Сејнт на фудбалски натпревар во Италија.

Тој и Ким го финализираа разводот во 2022 година, откако се венчаа во 2014 година, а раперот тајно се ожени со манекенката Бјанка минатиот декември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK