Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената

holandija-pejach2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.

Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.

„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.

„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.

ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.

Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.

Клајн беше меѓу фаворитите за победа.

Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK