(Фото/Видео) Првпат во историјата, мајка и мажена жена ја освои титулата Мис САД


13362017.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џастус Кели, претставничка на Вирџинија, ја освои титулата Мис САД. Таа ја освои круната синоќа во Мајами на 75-тото издание на натпреварот, станувајќи првата мајка и првата мажена жена во историјата на изборот за убавина што ја освоила оваа титула. Претходната Мис САД, Одри Екерт, ѝ ја предаде круната на церемонија одржана во центарот „Адриен Аршт“, пишува People.


View this post on Instagram

A post shared by Pageant Bro (@pageant.bro)

Овогодинешниот натпревар се одржа под слоганот „75 години икони“, со што се одбележа големата годишнина од изборот за убавина Мис САД. Победата на 31-годишната Кели е особено значајна бидејќи дојде по промените на правилата воведени во 2023 година.

View this post on Instagram

A post shared by Justus Anye (@justuskells)

Возрасната граница за натпреварувачките потоа беше укината, а за прв пат мажените жени и мајки можеа да се натпреваруваат за титулата. Благодарение на овие промени, Кели стана првата мајка и првата мажена жена крунисана за Мис САД.

Кели не се истакна за време на натпреварот само по својот изглед и настап, туку и по нејзината работа со деца од системот за згрижување. Таа и нејзиниот сопруг Тајлер се згрижувачки родители на две деца, и преку својата работа се обидуваат да им обезбедат поддршка на децата кои растат без стабилен дом.

Таа ја основа и организацијата Foster Footprints, која работи на помагање на децата и младите луѓе од системот за згрижување. За време на подготовките за натпреварот, таа зборуваше за тоа колку е важно да се слушнат гласовите на децата кои често минуваат низ тешки животни искуства.

Таа привлече посебно внимание уште пред да пристигне на натпреварот кога спакува дел од своите работи во вреќи за ѓубре. Со овој потег, таа сакаше да го привлече вниманието на фактот дека многу деца од системот за згрижување ги преместуваат своите лични работи во такви вреќи кога го менуваат домот.

View this post on Instagram

A post shared by Justus Anye (@justuskells)

За време на кампањата, Кели ја нагласи и пораката дека жените не треба да избираат помеѓу семејството и сопствените амбиции и дека мајчинството не значи крај на личните и професионалните цели.

Новата Мис САД ќе добие пакет награди во вредност од повеќе од 685.000 долари. Наградите вклучуваат 150.000 долари, Range Rover, едногодишен закуп на луксузен стан во Мајами, членство во клубот за одмор Westgate и гардероба во вредност од 30.000 долари.

фото/ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK