Паулина Поришкова и нејзиниот партнер Џеф Гринштајн се венчаа по три години врска. Двојката ја објави добрата вест на социјалните мрежи.
Иако повеќе не е активна во светот на манекенството, поранешната топ-моделка Паулина Поришкова е многу активна на социјалните мрежи. Таа редовно објавува детали од својот приватен и професионален живот, а го користи своето влијание на мрежите за да „уништи“ бројни стереотипи поврзани со жените.
Сепак, овој пат таа го искористи Инстаграм за да му даде до знаење на светот дека конечно е среќна во љубовта. Имено, Паулина објави видео во кое открива дека нејзиниот партнер Џеф Гринштајн и таа сега официјално се сопруг и сопруга.
View this post on Instagram
Во видеото, тие објаснија дека венчавката во Италија е прилично комплициран процес за странците, и дека им биле потребни седум месеци за да ги соберат сите потребни документи.
„Имаме толку многу да ви кажеме, но во моментов се обидуваме да им се посветиме на нашите драги луѓе кои патуваа за да бидат со нас и едноставно да уживаат во нашето омилено место“, напиша Поришкова, која се појави во видеото во црвено-бели пругасти бикини.
Патем, љубовта помеѓу пензионираната манекенка и нејзиниот партнер трае веќе три години. Тие официјално ја потврдија својата врска во 2023 година со фотографија од Париз.
View this post on Instagram
Поришкова постојано зборуваше за медиумите за емоционалниот слом низ кој помина по разводот од сега починатиот Рик Окасек – фронтменот на бендот „The Cars“, со кого беше во брак 28 години.
„Поминав три години сама, обидувајќи се да го надминам чувството дека не сум достојна за љубов“, напиша таа во еден пост.
Но, сега сè си дојде на свое место, и судејќи според објавите на мрежите, Паулина конечно ужива во љубовта!