Канскиот филмски фестивал и оваа година е во центарот на вниманието, особено модниот сегмент кој воодушеви многу љубители на модата уште на првата вечер. По длабокото деколте на Хајди, минимализмот на Деми Мур го привлече вниманието на јавноста.
View this post on Instagram
Имено, актерката прошета по црвениот тепих во сребрен фустан од брендот „Jacquemus“ кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината завидна фигура. Креацијата е изработена според нејзините мерки, а е украсена со прав крој и пеплум – впечатлив детаљ од целото издание.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што фустанот од корсет беше карактеризиран со сребрен материјал кој буквално блескаше на црвениот тепих, Деми одлучи да го подобри тој впечаток и додаде преголема дијамантска огрлица од брендот „Chopard“ која ја надополни со обетки од истиот бренд.
Таа го заокружи изданието со права фризура на фен што ѝ паѓаше по грбот, но и со впечатлива шминка.
Судејќи според фотографиите, актерката беше видливо расположена на Канскиот фестивал, постојано насмевнувајќи се на собраните колеги и љубопитни фотографи.