Филм за концертната турнеја на поп-ѕвездата Тејлор Свифт пристига во киносалите во Америка и во светот на 13 октомври, објавија во вторникот дистрибутерот „Еј-ем-си“ и Свифт.
Дистрибутерот планира филмот, насловен „Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ (Taylor Swift: The Eras Tour), да се прикажува во 100 земји.
„Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се случи низ светот“, напиша пејачката на „Инстаграм“.
„Многу сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека концертниот филм The Eras Tour официјално доаѓа во кината низ светот на 13-ти октомври!“ додаде таа.
Според медиумите, Свифт (33) најверојатно ќе заработи милијарда долари од турнејата, за првпат во историјата. Филмот би требало да заработи повеќе од 100 милиони долари во првиот викенд во северноамериканските кина, што не се памети за концерт кој се прикажува во киносали.