–>

Александра Грант за својот партнер Кијану Ривс: „Тој ми е вистинска инспирација“

Александра-Грант-за-својот-партнер-Кијану-Ривс-„Тој-ми-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Александра Грант фрла ново светло на романсата со Кијану Ривс.

Успешната визуелна уметница (50) минатиот викенд во Лос Анџелес присуствуваше на доделувањето на наградите за уметност „Беверли артс ајкон“  без Кијану (59).

На настанот беше една од лауреатите, а на црвениот тепих прошета сама и ги изненади присутните кога одговори на неколку прашања за својата љубовна врска, имајќи предвид дека приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста.

На прашањето дали е потешко или полесно да се појави сама на црвен килим, таа даде промислен одговор.

„Добрата вест за заљубувањето како возрасен е тоа што изградив сопствена кариера до моментот кога започна мојата врска,“ изјави таа за „Пипл“.

„Се чувствувам многу самоуверено во врската кога присуствувам на настан на црвен тепих. Се чувствувам самоуверено кога сум сама таму. Тоа е едев вид независност.“

Парот во јавноста дебитираше како пар во 2019 година.

На прашањето како таа и ѕвездата на „Џон Вик“ – кои претходно беа пријатели и соработници – комуницираат меѓусебно со професионалната средина, Грант го започна својот одговор сеќавајќи се на моментот во кој се чувствувала креативно заглавена.

„Во еден момент на фрустрација во мојот живот, еднаш реков: понекогаш се чувствувам како ‘масерати’ заглавен во сообраќај, го имам овој моќен мотор, но, од различни причини, не можев да се движам напред,“ рече таа за „Пипл“.

„И знам дека многу луѓе се чувствуваат фрустрирани во своите животи, дека не можат да го вклучат својот мотор. Мислам дека секоја креативна личност се чувствува така.“

„Она што го сакам кај Кијану и кај нас двајцата кога сме заедно е тоа што се туркаме еден со друг да изградиме нови патишта, “ вели таа. „Да гледате друга личност како ги решава проблемите е инспиративно, како на пример: добро, во ред, ова е ќорсокак, како да го пробам ова другото?“

„Тој е вистинска инспирација за мене“, продолжи таа. „Тој е многу креативен, добродушен и, работи многу напорно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK