Џенифер Лопез и Бен Афлек фотографирани заедно среде гласините за развод

ben-dzen.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бен Афлек и Џенифер Лопез првпат видени заедно откако се шпекулираше дека се разведуваат. Парот не е виден во јавноста повеќе од еден месец, а сега папараците ги уловија во Лос Анџелес кога присуствуваа на настан за поддршка на нивните деца.


На настанот пристигнаа одделно. Папараците забележуваат дека Бен и Џеј Ло не се гушкале ниту се бакнувале кога се сретнале, а актерот не изгледал среќен. Сепак, и двајцата сè уште ги носат своите бурми. По настанот, Бен и Афлек имале приватен разговор на паркингот.

Ова се нивните први заеднички фотографии по 30 март, кога се видени во Њујорк. Бен не беше со Џеј Ло на овогодинешната Мет Гала.

In Touch Weekly објави дека Бен се иселил од нивниот заеднички дом. „Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди изворот.

Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година и се верија подоцна истата година. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По години разделба, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK