Гласините за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек кружат веќе подолго време, а „шушкањата“ дополнително ги подгреа еден детаљ од новите фотографии на актерката во Лос Анџелес. Имено, папараците ја снимиле во автомобил, а на раката не носела бурма.
Покрај тоа, Афлек се појавил без придружба на матурската забава на неговата ќерка. На фотографиите кои ги објави Дејли Мејл, актерот има мрачен израз на лицето и во раката држи лименка пиво. Оваа сцена загрижи многу луѓе бидејќи се знае дека тој во минатото бил алкохоличар и се опоравувал.
Како што пишува In Touch Weekly, актерот решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата која ја делат. Ова го потврди извор близок до парот.
„Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.
Џенифер и Бен планираа да се венчаат на почетокот на 2000-тите, но врската не траеше и двајцата завршија со други сопружници. Лопез подоцна се раздели од пејачот Марк Ентони, а Афлек се раздели од актерката Џенифер Гарнер.
Лопез и Афлек ја обновија врската и се венчаа пред две години.