Џеф Безос ја запроси Лорен Санчез по пет години врска

dzef-bezos
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот милијардер Џеф Безос ја запроси новинарката Лорен Санчез по речиси пет години врска. Тие во мигов се наоѓаат на југот на Франција, по повод Филмскиот фестивал во Кан.

Изминативе неколку дена тие организираа неколку забави за блиски пријатели на неговата луксузна јахта од 500 милиони долари. Наскоро ќе почнат и подготовките за венчавката.


– Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најубавиот човек што го познавам, изјави Лорен за Џеф во една прилика.

Некои од медиумските компании за кои таа работела се „Фокс“, Гуд деј, Л.А.“, „Екстра“ итн. Меѓу емисиите што таа ги водела се „The View“, „Showbiz Tonight“ и „So You Think You Can Dance“. Со Безос ги запознал нејзиниот поранешен сопруг Патрик Вајтсел, кој работи како менаџер на бројни познати личности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK